Рама повторно ироничен: Поздрав од „Источна Македонија“

Рама со Макрон, Лајен и Мишел/Фото; EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

На самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува денеска во Брисел, премиерот на Албанија, Еди Рама, изразувајќи солидарност и поддршка за С.Македонија, иронично при поздравот со Шарл Мишел – претседател на Европскиот Совет, Емануел Макрон, претседател на Франција и Урсула фон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Овој поздрав на Рама предизвика насмевка кај присутните и доаѓа само две недели откако пред вечерата по завршувањето на Самитот на земјите од Процесот на Југоисточна Европа во Солун домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставува високите гости и кога доаѓа ред за македонскиот премиер, Мицотакис рече: „Тоа е премиерот на Северна Македонија“, а албанскиот премиер Рама, видно расположен и со чашка во раката, го дополни Мицотакис со зборовите „иден премиер на западна Бугарија“, по што следуваше смеење од присутните.

Рама потоа оваа досетка ја коментираше како сарказам и иронија.

„Тоа е сарказам во однос на Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална,” коментираа потоа од кабинетот на премиерот Еди Рама.

Видеото од новата шега на Рама погледнете го ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот