Ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК го кренаа шампионскиот пехар

фото: Ракометна федерација на Македонија

Денеска официјално беше доделен пехарот за шампион на Македонија во Женска Супер лига на екипата Ѓорче Петров ЖРК.

Во СС „Христо Батанџиев“ по завршување на натпреварот Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Куманово, пехарот и медалите беа доделени од страна на Генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.

Ѓорчетровки пред да го добијат трофејот во рамките од седмото коло во суперлигашкиот плеј-оф загубија минимално од 29:28 против ЖРК Куманово.

Во победничките редови најефикасна беше Зечевиќ која осумпати се запиша во листата на стрелците.

На спротивната страна како прв стрелец се истакна Николовска со 10 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот