Ракометарките на Франција се новите светски шампионки

Момент од натпреварот Франција - Норвешка/фото: EPA-EFE/Claus Fisker

Женската ракометна репрезентација на Франција ја освои титулата на Светското првенство 2023 кое се одржуваше во три земји: Данска, Норвешка и Шведска.

Денеска во големото финале во данскиот Хернинг најдобрите француски ракометарки со 31:28 ја совладаа Норвешка која ја бранеше титулата од пред две години.

Во финалниот меч најефикасни во победничките редови со по пет голови беа Лена Гранво и Тамара Горачек.

На спротивната страна осум пати во листата на стрелците се запиша Нора Мерк.

Франција по трет пат е светски шампион, претходните две титули ги освои во 2003 и 2017 година. За Норвешка ова е петто сребро, второпласирана беше и на светските шампионати во 1997, 2001, 2007 и 2017 година.

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го објави „Ол-стар тимот“, за МВП (најкорисен играч) е прогласена Норвежанката Хени Ела Рејстад која само во завршните два меча на Мундијалот постигна само 20 голови.

МВП: Хени Рејстад (Норвешка)
Лево крило: Клои Валентини (Франција)
Лев бек: Естел Нзе Менки
Среден бек: Стине Офтедал (Норвешка)
Пивот: Лин Блом (Шведска)
Десен бек: Луиз Бургаард (Данска)
Десно крило: Натали Хагман (Шведска)
Голман: Лаура Глосе (Франција)
Најдобра млада ракометарка: Виола Лојхтер (Германија)
Најдобар стрелец: Маркета Јерабкова (Чешка) 63 голови

Данска го освои бронзениот медал на Светското ракометно првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот