Рајан Рејнолд прозборе за борбата со анксиозноста: Мора да се дестигматизираат работите и да се разговара за менталното здравје

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

За жал, во голем број случаи, оние кои ги смеат луѓето, всушност можат да имаат свои внатрешни борби.

Актерот Рајан Рејнолдс неодамна јавно дискутираше за неговата вечна борба со анксиозноста. 44-годишниот актер откри зошто избрал да проговори за неговата битка со менталното здравје.

Решил да прозбори за анксиозноста, затоа што како што вели, нема доволно луѓе што зборуваат отворено за менталното здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Неодамна во интервју за „ЕТ“, Рејнолдс рече дека главната причина поради која решил да зборува за ова се неговите три ќерки кои ги дели со сопругата Блејк Лајвли.

Имам три ќерки и дел од мојата работа како родител е да бидам пример на однесување и да им покажам како е да се биде тажен и како е да се биде вознемирен или лут. Дека има простор за сите овие работи. Домот во кој пораснав, всушност не беше толку отворен за овие работи. И тоа не значи дека моите родители беа занемарливи, тие едноставно потекнуваат од друга генерација“, вели актерот.

Имено, вообичаено е за постарите генерации, за кои зборува Рејнолдс, да бидат порезервирани во изразувањето емоции. Во некои случаи, таквото воспитување може да доведе до тоа децата да се борат со анксиозност и да се плашат да прозборат за своите проблеми.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Во истото интервју, Рајан Рејнолдс објасни дека неговите деца не се единствената причина поради која решил да зборува на оваа тема.

Треба да се дестигматизираат работите и да се разговара за менталното здравје. Знам дека кога се чувствував дека го допирам апсолутното дно, тоа обично се случуваше затоа што мислев дека сум сам во ова… Мислам дека е важно луѓето да зборуваат. И кога вие зборувате за тоа, некако ги ослободува другите луѓе“, вели актерот.

И покрај тоа што е тажно што Рајан Рејнолдс, заедно со огромен дел од светската популација, се соочува со анксиозност, тоа што тој се обидува да го прекине циклусот за своите ќерки е за пофалба. Мора да се зборува за ментално здравје, особено кога толку многу луѓе низ светот водат тивки битки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот