Valentina Radulovic/ Screenshot/You Tube

Радуловиќ се огласи: Само помогнав на блиски лица на кои итно им беше потребен нов пасош

Името на поранешната ракометна репрезентативка на Македонија, Валентина Радуловиќ, беше вмешано во скандал со издавање на лични документи, а набрзо по објавата преку социјалните мрежи таа ги демантираше таквите информации.

Во својата објава таа вели дека се што сакала е само да помогне на пријател.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.,

Поранешна ракометарка фатена во криминална шема со вадење лични документи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот