Радевски: Пандемијата не не изненади – „Штулов“ може да се носи со многу понапредни Универзитети во Европа

Ние сме веќе втора година со он-лајн учење. Така што пандемијата не не изненади. Од 2015 година сме коорпоративни корисници на Google училница. Со гордост истакнуваме дека 3 часа по донесувањето на мерките на владата излеговме со инструкции до секој член на академскиот кадар за тоа што од утре треба да почнат да прават, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, професорот Владимир Радевски, проректор за академско планирање и дигитализација на Унививерзитетот на Југоисточна Европа.

Штуловиот Универзитет може да носи со понапредни Универзитети во Европа, токмиу поради спремноста за справување со ова искуство.

-За нас не беше тоа некој посебен, голем предизвик, од проста причина што бевме подготовени. Сега сме во 100% функционалност со он-лајн предавањата. Следејќи ги искуствата, можам да кажам дека предизвиците се исти секаде, но ова покажа дека способноста на критичниот праг на број на академски кадар кој што ќе се зафати со предизвикот, ќе пронајде решенија, ќе имплементира и во тој домен „Штулов“ може да се носи со многу понапредни Универзитети во Европа, изјави професорот Радевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот