Работодавачите почнаа да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за ноември 2020

Фото: Драган Митрески

Од денеска (01.12.2020)  година работодавачите започнаа да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година  БФП-ИП/2 ,  а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат Барање за финансиски средства  БФС-СВД/2.

Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот Е-Даноци ( Е-ТАХ)

Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот Е- ПДД.

Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на  поднесувањето.

Во текот на првиот ден,  Управата за јавни приходи ја потврди комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември 2020г.  на околу 5000 работодавачи.

Финансиската поддршка за исплата на плати за вработените за октомври 2020 година изнесува вкупно 951 252 239  денари, одобрени се 13 813 барања на работодавачи од кои за  12 470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата,  со кои се  опфатени  60 895 вработени.

Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за месец октомври изнесува вкупно 329 792 920 денари, а доставени се налози за исплата на 4277 самостојни вршители на дејност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот