Работодавачите не се опаметија: 179 фирми што добиле помош пак не дале плата

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Октомвриската плата не ја добиле 330 вработени во 179 фирми кои добиле финансиска помош за плата, објави директорката на УЈП Сања Лукаревска. Вкупниот износ што го добиле овие компании е 5,3 милиони денари, а единечната помош по вработен е од 14.500 денари до 21.776 денари, зависно од падот на приходите на компанијата.

Лукаревска информираше и дека за октомври 13.819 фирми побарале помош за плати, а ја добиле 12.598 за 61.556 работници во вкупен износ од 961,6 милиони денари.

Имало и нецелосно исплатени плати. Така, како што информира Лукаревска, 24 даночни обврзници за дел од свои вработени побарале помош со конечна пресметка, а за дел со исправка и за 506 работници примиле финансиска помош од 2 милиони денари, но не извршиле доплата на платите за износ од околу 99 илјади денари.  Лукаревска информираше дека списоците со неплаќачите ќе бидат доставени го Генералниот секретарјат на Владата во текот на вчерашниот ден.

– За работодавачите кои не дале плата следи опомена, а ако не ја исплатат, присилна наплата. Списоците со оние што не дале плата ќе бидат јавно објавени и тие нема да се менуваат ако некој дополнително ја даде платата – рече Лукаревска.

Компаниите што ја злоупотребуваат помошта се казнуваат парично, за нив следи присилна наплата, но полежат и на јкривична одговорност, за што се предават списоците во Јавното обвинителство. Глобите се од 500 до 1.000 евра за микро фирма, од 500 до 2.000 евра за мала фирма, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема фирма.

Се уште има компании кои добија помош за април, мај и за јуни, а кои не исплатиле една, две или три плати. Притоа 5 компании земале помош за сите три месеци, а не им дале ниту денар на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот