Работници остануваат на улица во Црна Гора поради забраната да се работи в недела

Според шопинг центарот, в недела, кога во Црна Гора не се работи, граѓаните на Подгорица одат да пазарат во Скадар, Требиње и Дубровник, каде што бутиците работат и во недела.

По три месеци откако во сила влезе Законот со кој недела е неработен ден во Црна Гора во еден шопинг центар дури 80 од вработените добиле отказ, а забележан е пад на прометот од 18 проценти, јавуваат тамошните медиуми.

Од шопинг центарот кој се наоѓа во Подгорица велат дека бројот на луѓе кои ќе останат на улица дополнително ќе се зголеми, со цел оптимизирање на работените места.

Според шопинг центарот, в недела, кога во Црна Гора не се работи, граѓаните на Подгорица одат да пазарат во Скадар, Требиње и Дубровник, каде што бутиците работат и во недела.

Во минатото, и Хрватска на два пати се обиде да го забрани работењето во недела, но Уставниот суд во два наврати ја поништи забраната поради нарушување на слободата на претпријатијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот