Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР по спроведена контрола затекнале 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.
Работниците биле затекнати на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј” и ул.„Јордан Мијалков”.
Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.