Работнички го промовираше Фахрудин Ѓурѓевиќ
Пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Работнички договори уште едно засилување за нападот на тимот, поранешниот младински репрезентативец Фахрудин Ѓурѓевиќ.
Препорачано
28-годишниот играч, кој доаѓа од редовите на чешки Храдец, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.
Претходно во својата кариера Ѓурѓевиќ има настапи и за Македонија ЃП и Вардар во нашето првенство, како и за Спартак Суботица во Србија, Градачац во БиХ и Варнсдорф во Чешка.
Од претходно е познато дека тренерот Ратко Достаниќ ќе остане уште две години на клупата, а ново име во стручниот штаб и Михаило Шејкероски – Шани.
потоа нови едногодишни договори потпишаа Драган Стојков и Христијан Пецов, на две години соработката ја продолжи Ристе Јанков, а уште 18 месеци верен ќе остане капитенот Горан Силјановски.
Како нови засилувања беа промовирани уште Муарем Муарем, Кристијан Стојковски и Фисник Зука, додека Давид Тошевски се пресели во редовите на рускиот клуб Ростов.
„Романтичарите“ веќе ја темпираат формата преку контролните натпревари, триумфираа против Пелистер (2:0), Охрид (2:1) и Борец (1:0), а загубија од Шкендија (0:2).
За шест дена почнува новиот шампионат, на 9 август Работничи во првото коло ќе игра на гостински терен против Македонија ЃП.


