Работата и работните односи најчести области во кои се пријавува дискриминација
Најновиот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година бележи благо намалување за 20 отсто на бројот на претставки во однос на 2023 година.
Препорачано
Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително покачен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање.
Загрижува тоа што речиси 80 отсто од утврдените дискриминатори се државни институции, органи на управата, општини и претпријатија кои вршат јавни овластувања.
-Доставени беа 405 претставки во 2024 година што е за 116 помалку од 2023-та. Речиси идентичен е бројот на мажи и жени што поднесуваат претставки и расте процентот на луѓе кои лично се обраќаат до нас – изјави Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Според него, граѓаните се уште не се охрабрени да пријават дискриминација врз основа на политичко уверување.
На презентацијата на Извештајот присуствуваа претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателот на анкетната комисија за дискриминација Димитар Апасиев.


