Пунктот во ПС „Пролет“ и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

Гужва за вадење документи во пунктот во ПС „Пролет“ / Фото „Слободен печат“- Драган Митрески

Пунктот за промена на лични документи без закажување во полициската станица „Пролет“, ќе работи и во сабота со работно време од 8 до 16 часот. Оние пак кој треба да ги подигнат променетите лични документи може истото да го направат во сабота до 16 часот во објектите во МРТВ и Беко.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (16.12.2023) ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот)“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот