Пукотница на универзитетски кампус во Билбао, полицијата уапси осомничен, нема повредени

Полиција во Шпанија/ Фото EPA-EFE/VICTOR LERENA

Властите во северна Шпанија денеска го евакуираа локалниот универзитетски кампус во Леиоа во близина на Билбао и уапсија осомничен, откако било пријавено пукање во близина на кампусот, соопшти полицијата, додавајќи дека никој не е повреден, пренесува Ројтерс. 

Портпаролот на полицијата вели дека осомничениот бил млад човек, но не даде повеќе детали.  

„Кампусот беше евакуиран во 18:50 часот и лицето беше приведено, но немаше лична штета“, рече портпаролот на регионалната полиција во Баскија. 

Неколку локални медиуми објавија дека младиот човек бил вооружен со пушка и дека неговите истрели искршиле неколку прозорци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот