Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Пукање во Јагодина, има многу повредени

Тежок инцидент со пукање вечерва се случил во српскиот град Јагодина, јавуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, неколку луѓе се искарале во кафеана во градот, по што имало пукање, при што повеќемина се повредени.

Сè уште не е познато кој е вмешан во пукањето, но се знае дека неколку луѓе се ранети. Напаѓачот е во бегство, велат првичните информации.

Според медиумите, на местото на инцидентот има повеќе амбулантни возила, а присутни се и голем број полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот