ПСЖ замената за Нејмар ја најде во Премиер лигата

Сагата околу заминувањето на Нејмар од ПСЖ се очекува да заврши до крајот на преодниот рок (2 септември), и единствено прашање е дали ќе се врати во Барселона или ќе потпише за Реал Мадрид.

Барселона се чини дека нема пари да ги задоволи барањата на челниците на ПСЖ, но затоа како наближува крајот на преодниот рок така Реал Мадрид станува поагресивен во обидите да дојде до потписот со Нејмар. Во таа акција се вклучи и капитенот на „кралскиот“ клуб, Серхио Рамос, кој е лидер во соблекувалната.

Но, ниту францускиот  шампион не се седи со скрстени раце и веќе е во интензивна потрага по замена за Бразилецот. Според “Дејли Мирор“, ПСЖ замената за Нејмар ја најде во Премиер лигата. Тие се подготвени да платат дури 120 милиони евра за да го купат фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха на кого во последен момент му пропадна трансферот во Евертон. Преодниот рок за англиските екипи заврши на 8 август, но тие можат да продаваат играчи до 2 септември.

Кристал Палас ги одби сите понуди за својот најдобар фудбалер и им порача на англиските екипи дека бара 120 милиони евра за Заха, сума која не претставува проблем за пребогатите катарски сопственици на ПСЖ.
Исто така ПСЖ, планира со парите кои ќе ги добие од продажбата на Нејмар да го купи и фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот