Емили Блант и Џон Красински / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

ВИДЕО | „Прво Трамп, сега Красински, дали сте нормални!“: Луѓето незадоволни од изборот на Красински за најсексапилен маж на планетата

Титулата за најсексапилен маж на светот, која ја доделува американскиот магазин „Пипл“, оваа година ја освои 45-годишниот актер и режисер Џон Красински. Сепак, реакциите на социјалните мрежи беа поделени. Многумина го изразија своето незадоволство од овогодинешниот избор за најзгоден маж.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Социјалната мрежа Икс е полна со коментари на незадоволни луѓе кои сметаат дека има многу позгодни и посексапилни мажи од Џон.

Исто така, многумина неговата победа ја споредија со американските избори и победата на Доналд Трамп. Според нив, сметаат дека и двете завршиле неправедно.

 


„Прво Трамп победи на изборите, сега Красински ја освои титулата за најсекси маж на светот“, напишал еден корисник на Икс, објавувајќи мем на видно незадоволна жена.

 

 

„Џон Красински? На нашиот народ овие денови и онака му е тешко, а вие ни го давате Џон?“, напишала исто така една корисничка на Икс, а друга додала: „Овој месец не може да биде полош, Џон е неправедно избран“.

 

 

„Оваа земја не може да направи ништо правилно, не може да избере претседател кој не е криминалец, не може да прави логични номинации за Греми, а не може ни да сфати дека Мани Џакинто е посекси од Џон Красински… Непријатно ми е“, гласеше друг коментар.

„Се шегувате, ве молам кажете ми дека се шегувате“, „Дали сте нормални, сте полуделе? Нема шанси да победи покрај Глен Пауел, Педро Паскал, Хју Џекман, Себастијан Стен и Рајан Гослинг“, беа коментарите на незадоволните луѓе.

Некои дури му ја препишуваат победата поради неговата позната сопруга – британската актерка Емили Блант.

Од друга страна, имаше и такви кои се согласија со овогодинешниот избор, а многумина забележаа дека тој заслужено победи.

„Се согласувам, сè е до неговите бицепси“, напиша една девојка. „Не разбирам зошто не се согласувате, Џон е добар“, „Навивам за него од кога глумеше во серијата ‘Канцеларија’“, имаше и позитивни коментари.

ВИДЕО | Џон Красински е најсекси маж на светот во 2024 година

Емили Блант со урнебесна реакција откако нејзиниот сопруг Џон Красински беше прогласен за најсекси маж

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот