Прво монографско претставување на животот и делото на рускиот емигрант Сергеј Михајлов

Насловна корица на монографијата „Сергеј Михајлов: живот и дело“

Промоцијата на книгата „Сергеј Михајлов: живот и дело“ од проф. д-р Наташа Диденко од Институтот за национална историја ќе се одржи на 23 февруари 2024 година, во 12 часот, во Фоајето на НУ Национална опера и балет ‒ Скопје. Промотори на книгата се проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и акад. Драги Ѓоргиев.

Книгата на проф. д-р Наташа Диденко од Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Скопје е прво монографско претставување на животот и делото на рускиот емигрант Сергеј Михајлов од неговото раѓање во родниот град Харков, Руска Империја во 1885 година, па сé до згаснувањето на животот во неговиот втор дом ‒ градот Штип во 1975 година.

Авторката на книгата ни ја открива неговата незапирлива творечка, уметничка, креативна, музичка и педагошка дејност кои ги стекнал низ широкиот опсег на неуморна работа и ангажираност низ животната практика.

Впрочем, тој во македонската културна историја и во колективната меморија на Штип и штипјани не е запаметен само како човекот кој го има поставено и премиерно изведено првото музичко-сценско дело ‒ операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало во 1925 година, туку и како човек кој преку примената на својот трансфер на знаења создал вредни музички дела, но и поттикнал и постигнал забележителни резултати во почетниот и институционалниот развој на музиката со поголема уметничка вредност во Штип.

Како „спиритус мувенс“ на музичката уметност во Штип, Сергеј Михајлов создал единствени доживувања и неповторлив успех со кои, како што има кажано рускиот актер, режисер и театролог Константин Сергеевич Станиславски, докажал дека „Уметноста е одраз и знаење за животот. Без да го познавате животот не можете да создавате“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот