Првите копачки ја подобрија продажбата на Скечерс

Скечерс / Фото Francis Joseph Dean/Dean Picture / imago

Американскиот производител на патики Skechers објави квартални деловни резултати, кои кога се работи за профитабилноста беа над очекувањата, додека прогнозата за продажба за тековниот квартал беше под пазарните очекувања, анализира СЕЕ.биз.еу.

Во периодот јули-септември компанијата оствари раст на приходите од 7,8 отсто до 2,03 милијарди долари, пред се како резултат на растот на меѓународната продажба од 8,6 отсто, додека домашната продажба е повисока за 6,5 отсто.

Кога станува збор за профитабилноста, заработката по акција скокна за 69,1 отсто на 0,93 долари, надминувајќи ги очекувањата од 0,79 долари.

Во третиот квартал, компанијата влезе и во фудбалската категорија, лансирајќи ги своите први копачки со потпишување повеќегодишен договор со Хари Кејн.

Компанијата оваа недела влезе и во светот на кошарката со лансирање на кошаркарски патики со договори со двајца НБА амбасадори.

За тековниот квартал, компанијата очекува продажба во опсег од 1,91 до 2,01 милијарди долари, што е под консензусната проценка од 2,09 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот