Првите 60 минути во Букурешт ќе кажат дали сме зрели за Мундијал

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска со почеток од 17.00 часот најдобрата македонска женска репрезентација ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство против селекцијата на Романија.

Мечот во Букурешт ќе го судат Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ од Србија, ЕХФ делегат е Михаил Башев од Бугарија.

Селекторот Симе Симовски го објави составот на ракометарки на кои ќе смета на денешниот дуел: Стојановска, Гакидова, Јанеска, Боризовска, Седлоска, Џатевска, Ѓорѓиевска, Серафимова, Јанкуловска, Мицевска, Јовановска, Ристовска, Ливриниќ, Стојковска, Дабевска, Гичевска.

Свесни дека противникот ја има фаворитската улога, но нашите ракометарки нема предвреме да се предадат и ќе го дадат максимумот со сето свое знаење и квалитет да остварат поволен резултат пред реваншот во Скопје кој ќе ги остави во игра за учество на Мундијалот.

Потсетување дека до баражот дојдовме со три победи во квалификациите над Исланд, Литванија и Грција. Романија е редовен учесник на светските шампионати, а ние последен пат бевме дел од ова големо натпреварување во 2007 година.

Бучесчи: Фаворити сме против Македонија, но тоа треба да се докаже на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот