Ливриниќ: Нема да биде лесно, но можеме подобро да ги искористиме слабостите на Романија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За најдобрата македонска женска ракометна репрезентација останува уште една пречка на патот кон Светското првенство кое ќе се одржи во Шпанија.

Во вторникот селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните бараж натпревари со селекцијата на Романија за учество на Мундијалот.

Помеѓу повиканите репрезентативки е и Елена Ливриниќ која ги брани боите на романскиот клуб Глорија Бузау. Таа минатиот месец беше во составот кој успеа во квалификациите во Скопје да оствари три победи над Исланд, Литванија и Грција.

Првиот меч ќе го одиграме во Букурешт на 17 април од 17.00 часот, а реваншот е на 21 април од 17.45 во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

– Романија, доста јак противник и противник за респект. Добро знаеме дека Романија се добро пласирани на секое првенство, без разлика дали тоа е Европско или Светско.

Двомечот што нè очекува нема да биде воопшто лесен, но сметам дека овој пат можеме подобро да ги искористиме нивните слабости, имаше доста промени и кај нив во последен период, но доколку најдеме решение за дуото Неагу-Пинтеа, со многу дисциплина во нашата игра, можеме да дојдеме до позитивен резултат.

Видовме дека во спортот сè е можно, фудбалерите, одбојкарите, ракометарите итн..ни го докажаа тоа, редно е да го поднесеме овој притисок и конечно да затропаме на голема врата – ни изјави Ливриниќ.

Романија со најсилниот состав против ракометарките во баражот за СП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот