Бучесчи: Фаворити сме против Македонија, но тоа треба да се докаже на теренот

epa08884306 The bench of Romania celebrates during the EHF EURO 2020 European Women's Handball Main Round - Group II match between Hungary and Romania at Sydbank Arena in Kolding, Denmark, 14 December 2020. EPA-EFE/BO AMSTRUP DENMARK OUT

Утре (сабота, 17 април) со почеток од 17.00 часот македонската женска сениорска репрезентација против Романија ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство.

Денеска од 16.00 часот нашите најдобри ракометарки предводени од селекторот Симе Симовски со чартер лет заминуваат за Букурешт. Романија е редовен учесник на големите натпреварувања, а Македонија последен пат беше на Мундијал во 2012 година.

Дали ова ќе биде трета среќа за „црвено-жолтите“ останува да се види, во претходните мундијалски баражи загубивме од Шведска и Словенија.

Новиот ривал е свесен дека ќе ја има фаворитската улога, но влегува претпазливо во двомечот.

– Почнуваме нов пат, ја имаме шансата против Македонија која ја почитуваме и овој предизвик го сфаќаме сериозно – вели селекторот на Романија, Адриан Василе.

– Фаворити сме, но тоа мора да го докажеме на теренот. Против силни репрезентации играте квалитетен ракомет, но против послаби ризикувате и тоа може скапо да ве чини. Очекувам 120 многу важни минути и да им пристапиме како да играме против топ репрезентација – вели романската ракометарка, Елиза Бучесчи.

Ливриниќ: Нема да биде лесно, но можеме подобро да ги искористиме слабостите на Романија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот