Првиот пациент со коронавирус во Косово е излекуван

Фото: МИА

Првото лице од Косово кај кое беше откриено присуството на Ковид-19, 77-годишен маж од Витина, и во второто испитување во Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, резултира со негативен наод на вирусот, што според препораките на Светската здравствена оранизација значи дека е излекуван од заразата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за телевизијата Клан Косова ја потврди градоначалникот на Витина, Сокол Халити, информирајќи дека, покрај 77-годишникот, кај кој заразата беше откриена на 13 март, негативна на новиот вирус и по второто тестирање резултирала и неговата сопруга.

– Не израдува оваа вест, кога се има предвид дека и здравјето на другите пациенти, членови на истото семејство, е добро. Бројката не е зголемена во Витина (вкупно седуммина заразени досега), изолиран е Ковид-19 по големите заложби кои ги направивме сите заедно за да не дозволиме натамошни контакти, изјави Халити.

Претходно, на 26 март, во Косово беше забележан првиот случај на лице излечено од коронавирусот, а досега има и еден починат – 82-годишен маж кој страдал и од други хронични респираторни болести.

Заклучно со денешниот ден, во земјата се регистрирани вкупно 108 заразени од новиот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот