Прва жртва во Канада по вакцинација со вакцината на „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Жена на 54-годишна возраст починала во Квебек откако ја примила вакцината против коронавирус на „Астра-Зенека“ и тоа е првиот смртен случај во Канада, изјави денеска премиерот на областа Квебек, Франсоа Лего.

„Тажен сум бидејќи една здрава жена на 54 години почина бидејќи ја прими вакцината“, рекол Лего за новинарите.

Жената, чие име не е соопштено, починала од церебрална тромбоза по примање на вакцината на „Астра-Зенека“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Квебек, Орасио Арида и додаде дека пациентката примала терапија која не давала резултати.

Арида додаде дека тој смртен случај не треба да ја промени стратегијата на употребата на таа вакцина во Квебек, каде е препорачана на постарите од 45 години.

Канадските власти минатата недела соопштија дека се примени 1,1 милиони дози вакцини на „Астра-Зенека“ во земјата. Досега се пријавени четири случаи на крвни згрутчувања кај пациентите кои ја примиле таа вакцина.

Самиот премиер на Канада, Џастин Трудо минатата недела ја прими првата доза од вакцината на „Астра-Зенека“.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот