Прва жртва од коронавирус во Малешевијата

смрт ковид, починати од ковид
Фото: Слободен печат/Драган Митровски
Коронавирусот ја зеде првата жртва во Малешевијата. Шеесет и деветгодишен пациент од Берово почина откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Штипската клинична болница, а веста денес и официјално беше потврдена од Министерството за здравство. Од општината упатија сочувство до семејството на пациентот и воедно апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.
-Како општина ќе продолжиме да спроведуваме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучителна важност е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација, истакнаа од општината.
Почитување на мерките, задолжително носење заштитна маска, и држење дистанца од два метри, додадоа исто така во својот апел до граѓаните.
Претходно во Берово беа регистрирани уште два пациенти од кои првиот позитивен случај е оздравен. Во моментот во Малешевијата има три активни случаи во Пехчево. Според надлежните институции пациентите се во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот