Прва лига: Шкендија е новиот македонски шампион!

Фото: ФК Шкендија/facebook.com/fcshkendija

И математички клубот од Тетово ја обезбеди титулата во Првата лига, денеска во 29 коло на домашен терен славеше уште една победа овојпат над Борец со 3:1 (0:1).

Велешани водеа од 13 минута после автоголот на Бејтулаи, но во вториот дел се случи пресвртот со погодоците на Мурати, Ибраими и Хебај. Шкендија на тој начин се закити со нов прволигашки трофеј, вкупно четврта во нејзината историја.

На четири кола до крајот на сезоната, играчите на Ернест Ѓока се на врвот со 68 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Шкупи. Клубот од Чаир дојде до нови бодови откако со 2:0 триумфираше над Работнички со головите на Цветаноски и Исени во 79 и 89 минута.

Во битката за опстанок Вардар со 1:0 беше подобар од Беласица. Стрелец на единствениот гол беше Крстевски во 31 минута од средбата. Со истиот резултат Пелистер благодарение на Гудиаби во 24 минута го совлада Ренова, а честа на гостите ја спаси Струга Трим Лум која славеше со 2:3 над Македонија ЃП.

По првите 45 минути „лавовите“ од Ѓорче Петров водеа со голот на да Силва од белата точка, но стружани направија пресврт во финишот. Иако во 72 минута останаа гостите со еден играч помалку поради двата жолти картони на Таири, тоа не се чувствуваше во играта, и во 84 минута израмни Алтипармаковски од пенал, а за 1:2 стрелаше Босанчиќ.

Две минути подоцна домаќините израмнија преку Алексовски, но на спротивната страна Алтипармаковски одново беше прецизен пеналџија и го постави конечниот епилог (90+6`).

Прва македонска лига (сезона 2020/2021)

29. коло, резултати –

Сабота:

Силекс – Академија Пандев 3:2

Недела:

Македонија ЃП – Струга Трим Лум 2:3
Пелистер – Ренова 1:0
Шкендија – Борец 3:1
Шкупи – Работнички 2:0
Вардар – Беласица 1:0

Табела: Шкендија 68 бодови, Шкупи 55, Македонија ЃП 48, Струга Трим Лум 47, Работнички 41, Пелистер 38, Академија Пандев 34, Борец 33, Силекс 32, Ренова 31, Вардар 31, Беласица 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот