Прва бременост на 43 години: Ашанти го очекува своето прво дете со раперот Нели

Ашанти и Нели / Фото: PacificCoastNews.com / Pacific coast news / Profimedia

Американската пејачка Ашанти Даглас ужива во својата прва бременост на 43-годишна возраст, неколку месеци по обновувањето на љубовната врска со нејзиниот партнер, раперот Нели (49).

Ексклузивната вест ја потврди близок извор до Ашанти и Нели за неделното естрадно списание „Ју-ес викли“.

Ова ќе ѝ биде прво дете на аренби пејачката, а раперот веќе има две деца од претходната врска со Шанета Валентајн – 29-годишната ќерка Шанел и 24-годишниот син Корнел.

Ашанти ги поттикна гласините за нејзината бременост за време на викендот, кога присуствуваше на традиционалниот црно-бел бал на Нели. За време на настанот, пејачката го допрела својот труднички стомак, а истото го направил и нејзиниот партнер.

Нели и Ашанти во 2006 година / Фото: Stewart Cook / Shutterstock Editorial / Profimedia

Да потсетиме, двојката беше заедно од 2003 до 2013 година, а сега, десет години подоцна, тие се повторно заедно и го очекуваат нивното прво заедничко дете. Во април годинава, познатата двојка беше забележана заедно на еден боксерски меч во Лас Вегас, а во септември Нели потврди дека се смириле.

„Да, ние повторно сме кул“, изјави тој, додавајќи дека обновената романса ги изненадила и двајцата.

Истиот месец, близок извор изјави за „Ју-ес-викли“ дека Ашанти не замислувала дека ќе се врати во некаков љубовен однос со Нели по цели десет години.

„Пред неколку години, Ашанти никогаш не ни замислуваше дека ќе се смири со Нели, но тие уживаат да поминуваат време заедно. Тие не сакаат да брзаат со ништо“, изјави тогаш изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот