Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Прв состанок на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа

Во Собранието денеска ќе се одржи Првиот состанок на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа.

Претседател на групата е собранискиот спикер Талат Џафери.

На Првиот состанок ќе учествуваат потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторот на Пратеничката група на СДСМ и коалиција Јован Митревски, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски, координаторот на Пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, координаторот на Алијанса за Албанците Сурија Рашиди, претставничката на Алтернатива Сафије Садики Шаини, претставникот на Движењето БЕСА Бастри Бајрами, како и амбасадорките на Украина и на Хрватска во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот