ПРОВЕРЕН РЕЖИМ НА ИСХРАНА: Се слабее и до 8 килограми за една недела

диета
Flickr

Ваквиот начин на исхрана ќе ви помогне да го исчистите телото од отрови и маснотии, а веќе по една недела ќе забележите намалување на апетитот.

Ако треба да изгубите неколку килограми без јо-јо ефект, овој начин на исхрана е вистинскиот за вас. Единствено треба строго да се придржувате на правилата, без импровизации.

Прво правило: Не прескокнувајте ги оброците во текот на оваа недела. Паузата меѓу два оброка не смее да биде подолга од три часа.

Второ правило: Никако немојте да се изгладнувате.

Диетата изгледа вака:

Прв ден – Ова е најважниот ден во режимот. Во текот на првиот ден јадете само овошје, секое кое го сакате, освен бананите. Внимавајте, не смеете да внесете ниту грам зеленчук. Важно е и да испиете 2-2,5 литри вода.

Втор ден – Јадете само зеленчук, свеж или сварен, без додавање на масло или сол. Во текот на денот само еднаш смеете да изедете два варени компира. Во остатокот од денот можете да јадете морков, домат, краставица, тиква, зелка… Овој ден е можно да забележите и промена во столицата.

Трет ден – Дозволено е комбинирање на овошје и зеленчук, но не и банани и компири. Комбинациите правете ги така што ќе јадете овошје во еден, а зеленчук во друг оброк, но не смеете да ги ставате во иста порција.

dieta

Четврт ден – Во текот на овој ден јадете банани и млеко. Најдобро е да испиете три чаши млеко, наутро, за ручек и за вечера, а измеѓу јадете банани. Можете да јадете колку сакате банани, но најдобро е да не претерувате. Во текот на овој ден ќе забележите смирување на столицата. Не заборавајте да пиете вода.

Петти ден – За петтиот ден ручекот треба да ви биде голема порција варен ориз, без зачини. За појадок и ручек треба да изедете вкупно 7 домати. Пиењето вода е задолжително, па дури и во поголеми количини од вообичаено, но секако, во склад со тоа колку можете да издржите.

Шести ден – Ручекот треба да е порција варен ориз, а појадокот и ужинките се овошје и зеленчук. Веќе на шестиот ден ќе забележите дека на вашето тело му е потребна помала количина храна.

Седми ден – Јадете варен ориз во комбинација со варен зеленчук. Ако ви се јаде овошје, најдобро е да го исцедите во вид на сок.

Тајната на оваа диета е исфрлањето на вишокот вода. Многумина забележале подобри резултати во однос на изгубените сантиметри во обем, отколку килограмите на вага. Поради ригорозноста на самиот режим, дозволено е да го применувате само еднаш месечно.

Ваквата диета применувајте ја доколку сте целосно здрави и немате никакви хронични или акутни здравствени проблеми.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот