Противпожарна единица од Битола апелира дека подметнати се над 10 пожари

Пожар зафати возило во движење/Фото: Фејсбук/Грчка инфо

Десетина пожари за само 4 часа гореа на различни локации низ Битола, а од противпожарната единица велат дека сите се подметнати и апелираат полицијата да ги открие сторителите.

Најсеризни беа пожарите во населбата Стрелиште, каде огнот од опожарената сува трева  на отворено опасно се доближи до подрачното училиште, но пожарникарите го спасија обејкотот.

„Се наоѓаме во Стрелиште, се зафати и дел од градинката на моменти беше навистина страшно, 2 возила и 6 пожарникари, влегоа во училиштетето за да можат да спасат дел од него. Од 13 часот имаме преку 10 интервенции од тразлични локации, ѐод невремето имаме 3 бандери паднати и таму ќе интервенираме, ама континуираното палење треба да се преземе нешто“, вели Горан Димковски од Противпожарната единица во Битола.

Во овој дел од Битола се запали  и стовариште со огревни дрва. На пожарникрите за справување со пожарите им помогна и дождот.

Од ЦУК пак информираат дека дождот помогнал во гасењето на пожарите ширум земјата и дека во моментов сите се ставени под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот