Протест во Црна Гора против резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Photo: AP

Стотици луѓе се собраа пред зградата на владата на Црна Гора за да протестираат против резолуцијата на ОН спонзорирана од Германија и Руанда за воспоставување ден за комеморација на геноцидот на повеќе од 8.000 босански муслимани од 1995 година.

Генералното собрание на ОН закажа дебата за резолуцијата за 23 мај по која ќе следи гласање.

Photo: AP

Со конечниот нацрт на резолуцијата се предвидува назначување на 11 јули како „Меѓународен ден на размислување и комеморација за геноцидот во Сребреница во 1995 година“, кој ќе се одбележува секоја година почнувајќи од оваа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како и раководството на босанските Срби, жестоко се спротивставија на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, велејќи дека таа ги означува сите Срби како „геноцидна нација“, иако нацртот според спонзорите не ги споменува Србите како виновници.

Photo: AP

Вучиќ и неговата влада водат кампања и во ОН и меѓу земјите во развој за да добијат поддршка. Велат дека веќе добиле мнозинство против резолуцијата.

За одобрување е потребно мнозинство.

Црна Гора, малата јадранска држава со 620.000 жители, се одвои од многу поголема Србија на референдум во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот