Протекоа скандалозни секс-снимки и фотографии со дрога од синот на Џо Бајден

На кинеската страница ГТВ беше објавено видео-компилација од експлицитни снимки и слики кои се наводно од Хантер Бајден, синот на кандидатот за американски претседател на демократите, Џо Бајден, споделија некои од американски медиуми.

На снимките тој наводно консумира дрога, поточно крек и има сексуални активности со жена која наводно е сексуална работничка.

ВИДЕО: Безбедносните агенции со различен став кој го мести Бајден преку неговиот син

Кинеската страница ГТВ инаку е основана од поранешниот шеф на предизборниот штаб и поранешен главен советник на претседателот Доналд Трамп, Стив Бенон и кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој во 2014 побегна од Кина во САД поради обвинение за голем број кривични дела.

Во САД уапсен Стив Бенон, поранешен советник на Трамп

Не е познато дали тие снимки потекнуваат од лаптопот кој наводно припаѓал на Хантер Бајден, а од непознати причини го има адвокатот на Трамп, Руди Џулијани.

Според некои медиуми, кинескиот дисидент кој ги објавил содржините за Хантер Бајден се заканува со објавување на уште 10.000 фотографии со слична содржина.

Содржината беше објавена и на „Редит“, но од таму беше брзо избришана за прекршување на правилата на социјалната платформа за дискусии.

Аксиос: За обвиненијата на Доналд Трамп против синот на Џо Бајден се расправа само низ социјалните мрежи

Овој скандал не е нешто ново, бидејќи главното оружје на Доналд Трамп на овие избори е напаѓање на Џо Бајден преку неговиот син Хантер Бајден. А неговите соработници тоа го прават на сличен начин како пред четири години кога се обидуваа да ја дискредитираат Хилари Клинтон, тогашната ривалка на Трамп.

Истото сценарио како од пред четири години: Трамп ја користи истата тактика со која ја победи Клинтон

Сценариото кое Трамп го следи е исто како пред четири години: Непосредно пред изборите се обидува да го оцрни својот противник што е можно повеќе, во надеж дека гласачите ќе се поколебаат. Изборните околности во 2020 година сепак значително се разликуваат во однос на 2016 година, па прашање е дали истата стратегија и овојпат ќе успее.

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Соработници на Трамп кои завршија во затвор: Последен е Бенон, овие функционери беа пред него

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот