Соработници на Трамп кои завршија во затвор: Последен е Бенон, овие функционери беа пред него

epa06199259 Anti-Steve Bannon protestors show placards and banners outsidethe venue of the 'Credit Lyonnais Securities Asia' (CLSA) Investors Forum 2017, where US President Donald J. Trump's former Chief Strategist Steve Bannon is scheduled to deliver a keynote speech in Hong Kong, China, 12 September 2017. EPA-EFE/ALEX HOFFORD

Според обвинителите, се работи за наводна измама во висина од 25 милиони долари, што Бенон и тројца соработници ги собрале од илјадници донатори „чии интерес бил изградба на ѕид на јужната граница на САД”.

Стив Бенон е осми уапсен поранешен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој е приведен поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид”.

– Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен во 2018 година призна дека е виновен за даночна измама, лажење пред Конгресот и финансиски малверзации околу исплатата на пари на две жени, кои наводно имале афера со претседателот. Трамп негираше дека бил во врска со жените. Коен минатата недела го објави предговорот на неговата книга, во која изнесува детали од периодот кога работеше за Трамп.

– Пол Манафорт, поранешен директор на предизборната кампања на Трамп издржува затворска казна од 7,5 години откако во август 2018 година беше осуден поради затајување на данок, а потоа се изјасни и за виновен за заговор и попречување на правдата.

– Роџер Стоум, пријател и политички советник на Трамп. Тој е осуден минатата година по седум обвиненија, вклучително и лажење на Конгресот, заплашување на сведок и попречување на постапката на конгресниот одбор и истрата на Роберт Мулер за Русија.

– Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност на Трамп, кој призна дека го лажел ФБИ за своите разговори со тогашниот руски амбасадор за наштетување на политиката на претходниот американски претседател Барак Обама.

– Џорџ Пападопулос, кој работеше на кампањата на Трамп беше 12 дена во затвор поради што ги лажеше истражителите за своите контакти со поединци поврзани со Русија за време на кампањата во 2016 година.

– Џорџ Надер, советник за надворешна политика во неформална каампања, осуден е на 10 години затвор во Вирџинија поради обвиненија поврзани со педофилија.

– Крис Колинс, првиот член на Конгресот кој го поддржа Трамп е осуден на 26 години затвор откако призна вина по сојузните обвиненија за тргување со инсајдерски информации.

Во САД уапсен Стив Бенон, поранешен советник на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот