Протасевич повторно се јави од затвор: Сега не е време за протести

Белорускиот опозициски активист и новинар Роман Протасевич, кој беше уапсен откако неговиот авион ненадејно беше пренасочен кон Белорусија, од затвор изјави дека демонстрациите против авторитарниот претседател Александар Лукашенко пресушиле и дека опозицијата треба да чека подобар момент за да ги оживее.

Ова е негово второ обраќање откако беше уапсен на аеродромот во Минск на 23 мај, а неговите познаници тврдат дека изјавата ја снимил под присила.

Видеото беше објавено синоќа на белоруската државна телевизија, а Протасевич, меѓу другото, зборуваше и за неуспехот на демонстрациите, кои започнаа низ целата земја по претседателските избори на 9 август 2020 година, поради официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко доби повеќе од 80 проценти од гласовите.

“Сега треба да ги запреме уличните активности што ги имавме порано, форматите во кои работевме. Бидејќи сега едноставно нема таква активности, а и не може да има. Треба да почекаме додека не се влоши економската состојба и луѓето на улиците да излезат за чинија супа, да го кажам тоа отворено“, рече Протасевич.

Водителот на синоќешната емисија тврдеше дека белоруските власти не знаеле дека Протасевич е во авионот кога го пренасочиле летот од Атина, Грција, до Вилнус, Литванија, кон Минск, наведувајќи ја заканата од бомба. Бомбата не беше пронајдена подоцна, а Протасевич и неговата девојка беа уапсени по слетувањето.

Протасевич рече дека го открил планот за патување, на денот кога бил уапсен, 40 минути пред полетувањето, во групна порака со неговите соработници и навестил дека апсењето го извршил неименуван соработник.

“Првото нешто што помислив е дека некој ме наместил. Бидејќи авионот се спушташе, сфатив дека нема смисла да паничиме”, рече Протасевич.

Протасевич, кој ја напушти Белорусија во 2019 година, водеше популарен канал на апликацијата Телеграм и одигра клучна улога во организирањето масовни антивладини протести кои постојано привлекуваа 200.000 луѓе во Минск.

ВИДЕО I Објавено видео од „признание“ на девојката на белорускиот новинар: Софија врти со очите и „рецитира“ што треба да каже

Тој е обвинет за поттикнување масовни немири, за што му се заканува казна затвор од 15 години.

На првото обраќање од затвор, Протасевич се изјасни за виновен за обвинението и зборуваше брзо. Неговите родители, кои живеат во Полска, изјавија дека признанието се чинело присилно и дека сметале дека модринките на лицето на нивниот син биле скриени со шминка.

На друго видео, објавено синоќа, Протасевич делуваше помирно и повремено се насмевнуваше, но неговите соработници се убедени дека тој исто така ја дал изјавата под присила.

Белоруската влада започна остра конфронтација со своите противници кога, по претседателските избори во август, избија масовни антивладини протести низ целата земја.

Протестите траеја неколку месеци до зимата и покрај напорите на властите да ги задушат со апсења и репресии на демонстранти и активисти.

Повеќе од 34.000 лица се уапсени за учество во демонстрациите од август, од кои илјадници биле брутално претепани од полицијата. Независните медиуми беа мета на властите, а новинарите кои известуваа за протестот беа уапсени.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот