Прослава за празни трибини
Како пензиониран спортски новинар и поранешен портпарол и претседател на ФК Вардар, ја почувствував сета обврска и одговорност да се носи дресот на македонската фудбалска гордост.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тоа како аманет за сите фудбалски генерации го оставија: Кирил Симоновски-Џина (првиот капитен на југословенската фудбалска репрезентација1945), Благоја Видиниќ (златен и сребрен олимписки медал, златен младински европски медал, сребрен европски медал), Драган Ѓеров (главен уредник на Радио Скопје), Тоде Ѓеоргиевски (Врховен судија), Миле Миланов и Раде Чапаровски (еминентни доктори), Андон Дончевски (прв селектор на македонската фудбалска репрезентација), Мето Спасовски (играше на збогувањето на легендарниот Пеле, постигна гол), Дарко Панчев (златна европска копачка 1991, европски и светски клупски шампион), Илија Најдовски (европски и светски клупски шампион) Вујадин Станојковиќ (учесник на светско фудбалско првенство)…
Плебисцитарен црвен картон за шампионската вардарова прослава. Институциите соодветно реагираа. Федерацијата најави и казни. Ги молам да причекаат, очекувам казната да стигне од најповиканите-навивачите. Комитите кои беа со Вардар и во најтешките денови, прославата на долгоочекуваната шампионска титула треба да ја одложат за некој руг термин.
Претстојното дерби на новиот и стариот шампион (Вардар и Шкендија) треба да биде соодветна казна од љубителите на фудбалот – референдумско изостанување од седиштата на Градскиот стадион. Верувам дека македонската радио телевизија ќе постапи соодветно. Планираниот термин за пренос за фудбалскиот натпревар Вардар-Шкендија ќе го отстапи за бројните хитови на Македонското девојче – Каролина Гочева.
Вардар секогаш со љубов.


