Просечните цени на основните прехранбени производи во Романија во август намалени за 49 отсто

супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

Просечните цени на основната храна во Романија, опфатени со усвоената владина регулатива за ограничување на трговските маржи, паднаа до 49 отсто во големите синџири на продавници во август оваа година во споредба со јуни 2023 година, покажуваат податоците анализирани од Советот за конкуренција, кои беа објавени денеска.

Најголемо намалување е забележано кај цената на овошјето и зеленчукот. Просечната цена на сливите е намалена за 49 отсто, на грозјето за 47 отсто, а на доматите, кромидот, жолтите пиперки, морковот и компирот од 31 до 37 проценти во однос на извештајниот период.

Во категоријата млечни производи, просечната цена на сирењето е пониска за 16,3 отсто, на јогуртот за 10,5 отсто, а на млекото за 6,2 отсто.

Во август се намалија и цените на другите производи во потрошувачката кошница, како брашното, лебот, путерот, маслото, јајцата и шеќерот. Поевтинија и пилешкото и свинското месо, со исклучок на свинскиот бут со коски, чија цена е благо зголемена – за 2 отсто.

-Во анализата направена во текот на целиот август забележавме дека во повеќето продавници има попусти на основните прехранбени производи. Утврдивме дека просечните цени на некои намирници постепено се намалуваат, овде се работи за јогурт, пченка, свинско месо, кромид, моркови, пиперки, сливи и грозје, но има и производи како леб, брашно, јајца за кои цените варираат, но се под просечната цена од јуни, изјави Бохдан Кирицоју, претседател на Советот за конкуренција.

На 1 август 2023 година стапи во сила владината регулатива со која се постави плафон на цените на основните производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот