Напад на Крим / Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

ВИДЕО | Проруски гувернер тврди дека 24 лица се повредени во украински напад на Крим

Најмалку 24 лица се повредени во ракетниот напад на Киев врз кримскиот град Севастопол, меѓу кои и четворица пациенти чија состојба е умерено тешка, напиша на Телеграм гувернерот на Севастопол Михаил Развожаев.

– Според прелиминарните информации, во нападот се повредени вкупно 24 лица. Четворица од нив се во средно тешка состојба, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Гувернерот додаде дека итните служби работат во јужната зграда на бродоградилиштето во Севастопол, каде што претходно избувна пожар.

– Се наоѓам на местото на пожарот во јужниот објект на бродоградилиштето во Севастопол. Сите служби за итни случаи работат на тоа подрачје. Нема закана за цивилните објекти во градот, додаде Развожаев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот