Пропадна огласот за член на Антикорупциска, зашто кандидатка не се сеќава дали е донаторка на ВМРО-ДПМНЕ
Пропадна огласот за избор на нов член на Антикорупциската комисија во Собранието. Според извори на Телма, причината е во тоа што Комисијата за избори и именување не е сигурна дали кандидатката Антонија Андонова Тасевска била или не била донаторка на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.
Препорачано
Нејзините лични податоци според телевизијата се совпаѓале со податоците на донаторската листа за ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, а запрашана на интервјуто во Собранието дали донирала, кандидатката Андонова Тасевска одговори дека не се сеќава дали дала 25 илјади денари за партијата предизборно.
Ваквиот одговор и сомнежи доведоа до тоа да се поништи целиот оглас. Претходно таа како услов за аплицирање на огласот, поднела нотарска изјава дека не е донаторка на политичка партија.
На огласот за нов член на Антикорупциска се пријавија 5 кандидати, но еден не се појави во Собранието па останаа четворица. Огласот беше распишан па поништен зашто поранешната антикорупционерка, Цвета Ристовска си поднесе оставка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


