Пронајдени забранети руски симболи во дом на украински пратеник

Фото твитер

Службата за безбедност на Украина пронашла забранети руски симболи и награди за време на претресот на домот на пратеникот Нестор Шуфрич, потврди разузнавачки извор за Украинска правда.

Шуфрич е член на забранетата опозициска Платформа за живот, проруска и евроскептична политичка партија.

Од објавените фотографии се гледа дека кај пратеникот осомничен за предавство се пронајдени медали и грбови на вооружените сили на Руската Федерација. Инаку, украинските разузнавачи денеска извршиле претрес во неговиот дом. Истрагата утврдила дека Шуфрич соработувал со Владимир Сивковиќ, офицер на ФСБ и поранешен пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот