Пронајдена прошталната порака на Хитлер: Вака ќе и направам најголема услуга на Германија

Аукциска куќа од Мериленд на аукција ќе стави единствен историски документ кој открива нови детали за животот на Хитлер.

Станува збор за телеграма насловена како „Прошталната порака на Хитлер“, која ја содржи последната порака од нацистичкиот лидер.

Таа му е испратена на Фердинанд Шернер, само неколку дена пред смртта на Адолф Хитлер.

„Ќе останам во Берлин, со чесна намера, во борба за Германија, за да им дадам добар пример на оние кои остануваат. Верувам дека на овој начин ќе и направам најголема услуга на Германија. До вас другите – Секој напор мора да биде вложен во победа на Берлин. Таму можете да помогнете одлучно, со движење кон север колку што е најбргу возможно“, пишува во телеграмата.

Оваа проштална порака на Хитлер ќе се продава на аукција на 30 април и на 1 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот