Илустрација / Фото: Jochen Tack / Alamy / Profimedia

Пронајден уникатен килибар стар помеѓу 30 и 50 милиони години

Уникатен примерок од килибар стар помеѓу 30 и 50 милиони години, кој е создаден благодарение на ларвите на древен тврдокрилец, е откриен за време на рачно сортирање во Калининградскиот комбинат за килибар на државната корпорација Ростех.

Според извештаите, Калининградскиот комбинат за килибар, кој работи во рамките на холдинг компанијата „РТ-Финанс“ на државната корпорација „Ростех“, пронашол копија од „сончевиот камен“ што верно ги повторува контурите на ларвата на древната бубачка, пренесува „РИА Новости“.

Килибарот го добил својот необичен облик пред 30 до 50 милиони години, а каменот ќе стане експонат на музејот на комбинатот. Експертите откриле необичен примерок од балтичкиот скапоцен камен за време на рачното селектирање на суров килибар. Реткиот фрагмент може да се види на фрактурата на каменот – тродимензионален отпечаток од тунел што бил изгризен во дрвото од ларвата на дрводелецот.

Пронајдениот примерок не е инклузија, бидејќи не го содржи самиот инсект, но килибарот верно ја прикажува формата на неговата ларва.

– Уникатен примерок од килибар преживеал до ден-денес. Создаден е кога смолата продрела во тунелот ископан во дрвото од ларвата на инсектот. Смолата потоа се стврднала во форма на полукружни сегменти од неговото тело – изјавила Ана Дугина, гемолог од Калининградскиот комбинат за килибар.

Таа истакна дека откривањето на фосилизиран канал во балтичкиот килибар е исклучително ретко и дека за прв пат наишла на сличен примерок по дваесет години пракса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот