Промовирани се лонг-плеј изданија на Васко Серафимов и на „Рок агресори“

Промоција на албумот „Космика“ на Васко Серафимов во „Аудиокултура“

Трендот на враќање на винилите и на грамофоните како алатки за слушање музика го потврдува промоцијата на две нови винилни лонгплеј изданија.

Музичкиот издавач „Корпус деликти рекордс“ на 25 јануари во „Аудиокултура“ го промовираше винилното издание на албумот „Космика“ на Васко Серафимов.

Станува збор за прв негов албум објавен на винил и содржи десет нови нумери на кои учествуваат повеќе гости. Претходните албуми на Серафимов беа објавени на компакт-диск.

Во кафе-барот „Лонг плеј“ на 26 јануари беше промовирано винилното издание на албумот „Ебена антикултура“ на бендот „Рок агресори“.

Првично, албумот беше објавен пред 26 години на касета. Винилното издание содржи 15 песни од деби-изданието на касетата и бонус-лента направена за лонгплејката. Двете плочи се печатени во тираж од 200 примероци.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 164, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29 јануари 2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот