Насловна корица на романот „Во Акрата нема мостови“

Промоцијата на романот „Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски ќе се одржи во МКЦ

Романот „Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и врските што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се движи низ различни простори, јазици и внатрешни премини.

Книгата ја истражува блискоста меѓу луѓе со различни потекла, јазици и искуства, покажувајќи дека најсилните врски се раѓаат токму во прифаќањето на разликите. Во нејзиното јадро се љубовта, семејството и невидливите мостови што ги поврзуваат луѓето низ времето.

„Оваа книга ја напишав затоа што имав потреба да си одговорам на неколку кратки, но за мене тешки прашања. Што значи да сакаш без гаранција дека некој ќе остане, што значи да бидеш родител и да преземеш одговорност за живот што не ти припаѓа, и како се живее со празнини кои не се пополнуваат, туку се носат“, вели авторот.

Промоцијата на романот „Во Акрата нема мостови“ ќе се одржи на 14 мај, со почеток во 19:00 часот, во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и новинарката Катарина Синадиновска, кои во своите осврти ја истакнуваат нејзината „он роуд“ структура, атмосферата и емотивната нарација.

„Во Акрата нема мостови“ е втор роман на Бошњаковски, по „Погром – записите на Рафаел Дорон“. Лектор на изданието е Јордана Шемко Георгиевска, уредник Ана Мартиноска, дизајнот е на Бојан Ивановиќ, а уредник за верификација на информации е Јанис Јеруланос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот