Промена во сопственичката структура на „Слободен печат“

Александар Родиќ му го продаде својот дел во нашата медиумска компанија на адвокатот Владимир Галјак.

Косопственикот на „Слободен печат“, Александар Родиќ, го продаде својот дел на Владимир Галјак, па така овој реномиран адвокат стана нов партнер во сопственичката структура на најтиражниот весник во С. Македонија. Договорот за продажба на медиумските компании во Србија и во Хрватска му забранува на Родиќ да се занимава со медиумска работа во Југоисточна Европа.

– Пред четири години, заедно со мојот партнер од С. Македонија Драган Живковиќ ја препознавме шансата и го претворивме „Слободен печат“ во лидер во печатеното и дигиталното новинарство во С. Македонија. Својот удел во „Слободен печат“ му го продадов на мојот долгогодишен пријател и соработник Владимир Галјак, затоа што сум сигурен дека тој ќе продолжи да ја развива компанијата во истиот правец: независно, храбро и професионално новинарство – изјави Родиќ.

Галјак вели дека со големо задоволство ја прифатил понудата за купопродажба.

– Станав косопственик на угледната медиумска компанија „Слободен печат“. За мене е голема чест да продолжам по патот по кој Родиќ и Живковиќ направија компанијата да се одликува со професионалност, независност и слобода во работата. „Слободен печат“ е меѓу ретките која во Западнен Балкан успеа да ја оствари таа тешка цел – изјави адвокатот Галјак.

Александар Родиќ стана косопственик во „Слободен печат“ во октомври 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот