Производителите на тутун нервозни: Откупот никако да почне!

Откупувачите ги користат законските можности – имаат рок до 15 декември да ги отворат пунктовите. Токму поради ова земјоделците бараат законските измени за прецизен датум за почеток на откупната кампања.

Дури осум од десетте компании што откупуваат тутун сѐ уште не почнале со откупот. На теренот се само Прилепскиот комбинат и малата компанија „Кавекс“ од Неготино, јавува МИА.

Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека „не знаат зошто откупувачите молчат и тактизираат“.

– Досега никоја од компаниите не известила кога ќе почне со откупот, ниту знаеме зошто молчат и тактизираат. Тутунарите почнуваат да се прашуваат што се случува, се создава притисок, неизвесност- вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Од Министерството за земјоделство потврдуваат дека за денес закажале состанок со компаниите за откупот на тутунот.

Откупувачите ја користат законските можност – имаат рок до 15 декември да ги отворат пунктовите. Токму поради ова земјоделците бараат законските измени за прецизен датум за почеток на откупната кампања.

– Сакаме во Законот за тутун да го внесеме првиот и последниот ден на почеток и крај на откупот. Односно, откупот на тутунот да почне на 1 декември и да трае до 28 февруари. Досега е дадена можноста компаниите да може да почнат од 15 ноември и со краен рок да ги отворат пунктовите до 15 декември. Вака компаниите тактизираат со почетокот на откупот – објаснува Ристески.

Откупот на тутунот почнува на 15 ноември, родот е намален

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот