Производите на „Олаплекс“ предизвикуваат опаѓање на косата, велат жени кои ја тужат компанијата

Фото: Инстаграм

Популарната компанија за производи за нега на коса, „Олаплекс“, доби тужба од 28 жени кои тврдат дека нивните производи предизвикуваат опаѓање на косата и пликови на кожата.

Палетата на производи на „Олаплекс“ опфаќа шампони, регенератори и маски за лекување и обновување на оштетена коса. „Олаплекс“ има објавено резултати од тестирања кои покажуваат дека нивните производи се сигурни за употреба.

„Ние сме подготвени енергично да се бориме за да ја одбраниме нашата компанија, нашиот бренд и нашите производи, од овие неосновани обвиненија“, се вели во изјавата на компанијата на нивниот инстаграм-профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLAPLEX (@olaplex)


„Олаплекс“ не повлече ниту еден од своите производи поради тужбата. Од компанијата тврдат дека нивните производи, кои се направени од патентирани хемиски состојки, значително ја регенерираат оштетената коса. Тоа се производи конкретно наменети за луѓе кои ја избелуваат својата коса, и некои од нив се продаваат исклучиво на професионални фризери, односно во фризерски салони. Компанијата постигна огромен успех насекаде во светот, а нивните производи ги промовираа и некои од славните светски ѕвезди како Ким Кардашијан и Дру Баримор.

Тужбата против „Олаплекс“ е поднесена минатата недела во окружниот суд во Калифорнија, а во неа се тврди дека тужителите претрпеле опаѓање на косата, во некои случаи оставајќи ги со огромни ќелави дупки на главата. Како дополнување, се вели дека нивната коса станала сува, кршлива и многу оштетена. Неколку фотографии од тужителите покажуваат ќелави делови на скалпот, за кои тврдат дека ги добиле со користење на „Олаплекс“.

„Би-Би-Си“ објави фотографија од една од жените која ја тужи компанијата, тврдејќи дека користеењето на производите и создало дупки на скалпот

Според приложените документи во тужбата, некои од жените тврдат дека доживеале екстремно чешање, осип, габични инфекции, бактериски инфекции, изгореници, отворени рани, а сето тоа, на крајот довело до депресија.

Тужителите заедно бараат отштета од 75.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот