Програмерите се најбарани во светот на сајбер криминалот

Фото: ЕПА

Тимот на Касперски, анализирал 227.000 огласи на пазарот на трудот на даркнет и тоа од 2020 до 2022 година, а резултат е податокот дека програмерите се најбараните експерти на даркнет. Овој профил се барал во 61 процент од огласите, а меѓу нив најбарани биле веб-програмерите, кои креираат различни производи на Интернет, како што се фишинг страници.

Се ценат и создавачите на малициозен софтвер, чиј опис на работа вклучува развој на тројанци, софтвер за уцена и слично. Второто најбарано занимање во светот на сајбер-криминалот се напаѓачите, ИТ специјалисти кои вршат напади на мрежи, веб-апликации и мобилни уреди, со 16 проценти од сите реклами и од нив најмногу се бара дејствија што би ја загрозиле корпоративната инфраструктура со целта на вметнување „откуп“, крадење податоци или готовина директно од сметката.

За дизајнерите, како трета најбарана професија, објавени се 10 проценти од огласите, а од нив најчесто се бара да создадат злонамерен производ, како што е страница за фишинг или писмо што тешко би се разликувало од вистинската, пренесува Танјуг, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот