Професор од Кичево делел сведителства иако бил во задолжителна самоизолација

Училница / Фото: Архива

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе до надлежното Јавно обвинителство кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано  сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, осомничениот како класен раководител во основно училиште во Кичево им ги врачил сведителствата на учениците од класот иако потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

Исто така, Димоски информира дека во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево,  констатирани се девет прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето. Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот