Проф. д-р Марјан Петрески / Фото: Трилинг.мк

Проф. Петрески: Намалувањето на ДДВ на горивата е соодветна мерка, но комуникацијата задоцни

Владината мерка да се намали ДДВ-то на нафтените деривати од 18% на 10% е во основа соодветна, но комуникацијата е значајно задоцнета, вели универзитетскиот професор, економистот Марјан Петрески, во интервју за „Трилинг“.

„Тоа е легитимна антикризна интервенција, затоа што директно ја намалува крајната цена и испраќа сигнал дека државата нема да дозволи целосно прелевање на надворешниот шок врз домашниот пазар. Но, проблемот е што ваквите мерки имаат најсилен ефект не само преку цената, туку и преку очекувањата, а таму реакцијата беше бавна, односно отсуствуваше појасна комуникација, а други политички чинители лиферуваа предлози за лукративни мерки кои се фискално неодржливи. Долго време немаше ништо во средината на таа комуникација која ќе ги управува очекувањата на разумен начин“, вели професорот.

Според него, мора да се внимава бидејќи во вакви услови, кога има геополитичка неизвесност и силни медиумски пораки за раст на цените, луѓето лесно влегуваат во панично однесување.

„Тогаш не е доволно само да се донесе мерка, туку мора однапред да се каже по кое правило државата ќе реагира. Токму тука сметам дека Владата можеше подобро: не ад-хок, туку со јасна рамка, на пример дека при одредено ниво на светска цена или домашна малопродажна цена ќе донесе даночно или акцизно намалување“, смета проф. Петрески.

Дополнително, според него, важно било веднаш да се објасни дека системот веќе има вграден механизам во Законот за акцизите.

„При високи берзански цени над одредени прагови, дополнителната акциза автоматски се намалува, што носи олеснување до околу 3 денари по литар. Во особено кризни услови, со владина одлука, постои и посилен механизам што може вкупно да амортизира и до 7 денари по литар. Значи, алатки постојат; прашањето е дали навреме се активираат и дали јавноста знае дека постојат“, вели професорот Петрески во интервјуто за „Трилинг“.

Се намалува ДДВ за горивата, Мицкоски вели дека цената ќе падне за 6-7 денари по литар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот