Проектот „Европска младинска картичка“ почна со реализација – Бројни поволности за младите

Фото: Принтскрин

Започна дистрибуцијата на „Европска младинска картичка“, која ќе им донесе бројни поволности на младите во змејава.

Веќе се доставени  и се првите стотина картички до млади на возраст од 25 до 29 години.

На територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги.

Проектот „Младинска картичка” обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите.

Со овој проект ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот